Погледнете ги одговорите на
Нај често поставуваните прашања
Вообичаениот рок за достава е 2–3 работни дена од обработката на нарачката.
Испораката се врши преку надворешни карго компании. Поради нивната организација, зголемен обем на пратки, празници или други непредвидени околности, во одредени случаи доставата може да трае подолго од предвиденото.
Цената за достава се определува според тарифите на карго превозниците и зависи од карактеристиките на пратката, како што се:
- тежината на производот;
- ширината;
- должината;
- висината и вкупниот волумен на пратката.
За производите на Eftino.mk се трудиме да внесуваме што е можно попрецизни димензии и тежина, со цел при нарачката да добиете реална пресметка на трошокот за испорака.
Напомена: Конечната цена за транспорт може да биде коригирана од страна на карго превозникот доколку при преземањето бидат утврдени различни димензии, тежина или други услови за транспорт.
Да. Доколку по направената нарачка одлучите дека сакате да ја откажете, контактирајте нè што е можно побрзо, пред производите да бидат предадени на карго превозникот.
Доколку пратката веќе е испратена, можноста за откажување ќе зависи од моменталниот статус на испораката.
Гаранцијата зависи од видот на производот и од условите на производителот или увозникот.
Одредени производи, особено од категориите Компјутери и опрема, се испорачуваат со писмена гаранција од производителот или овластениот увозник, најчесто со времетраење од 24 до 36 месеци.
Кај останатите производи условите за гаранција може да се разликуваат, бидејќи дел од нив се обезбедени преку други домашни увозници и добавувачи.
Информацијата за гаранцијата на конкретен производ можете да ја проверите кај нашиот тим пред купувањето.
Во случај на враќање или замена на производ, се применуваат условите и роковите утврдени со важечките прописи и нашите Правила и услови за купување.
За прашања поврзани со производите, нарачките, испораката или користењето на нашата веб-страница, можете да го контактирате тимот на Kinderlino – Kara Group.
Телефон: +389 76 337-003
Адреса:
ул. Населено место без уличен систем бр. 153
Индустриска зона Василево
2400 Струмица, Македонија
Е-пошта: info@kinderlino.mk
Ќе се потрудиме да ви одговориме и да ви помогнеме во најкраток можен рок.
